Comodita Home

Политика за Колачиња

ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ…
Во оваа Политика за Колачиња ќе најдете информации за тоа како ги употребуваме колачињата и сличните уреди кои се инсталирани во терминалите на нашите клиенти и корисници. Во одредени случаи, употребата на колачиња може да биде поврзана со процесирањето на личните информации, па препорачуваме да ја погледнете Политиката за приватност, достапна на нашата Платформа, доколку сакате информации околу тоа како ги користиме личните податоци на нашите потрошувачи и корисници, како да ги остварите вашите права, или терминологијата која ја користиме за да упатиме на нашата Платформа (Веб, апликација или физички продавници).

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОЛАЧИЊА

Што е Колаче?

Колаче е мала текстуална датотека која една веб-страница, апликација или платформа ја складира на вашиот компјутер, таблет, паметен телефон, или било кој друг сличен уред, со информации за вашето пребарување или употреба, како ознака која го идентификува вашиот уред. На пример, колачињата се потребни за да се олесни пребарувањето и за да се запознае начинот на кој корисниците комуницираат со платформите, за истите да можат да се подобрат. Исто така се многу корисни при понудата на реклами според претпочитањата на корисникот, како и за други цели кои се објаснети подоцна. Колачињата не го оштетуваат вашиот компјутер или уред.
Кога зборуваме за „Колачиња“, исто така мислиме и на други слични технологии за инсталирање и/или собирање информации во или н вашиот уред (како flash cookies, web beacons или bugs, pixels, HTML5 (локално складирање), и SDK технологии за формати на апликации. Покрај тоа, терминот „Колачиња“ се однесува и на употребата на техники за земање отпечатоци, односно, оние техники за комбинирање информации, кои ни помагаат да го идентификуваме вашиот уред. Понекогаш овие технологии работат заедно со колачињата за да соберат и складираат информации, со цел да ви овозможат одредени функционалности или услуги на нашата Платформа, или да ви прикажат реклами на платформи од трети страни, земајќи го предвид вашето пребарување. Ова објаснување е општ пример за тоа што се подразбира под Колачиња само за информативни цели. Колачињата кои ги користиме на одреден начин се прикажани во панелот за конфигурирање на колачиња, достапна на нашата Платформа.

Какви типови Колачиња постојат?Ве молиме, прегледајте го овој дел кој дава општ преглед на типовите Колачиња кои можат да се користат во онлајн опкружување.

Според сопственикот на Колачињата, тие можат да се класифицираат во:

Сопствени Колачиња: Тоа се оние кои се испраќаат на компјутерот или уредот на корисникот, од компјутер или домен управуван од самиот уредник, и од кои се нуди платформата или услугата што ја бара корисникот.

Колачиња од трети страни: Тоа се оние кои се испраќаат на компјутерот или уредот на корисникот, од компјутер или домен со кој не управува уредникот, туку од друг субјект кој ги процесира податоците добиени преку колачиња.

Во зависност од целта на Колачето, тие можат да се класифицираат во:

Строго потребни (технички) Колачиња: Тоа се оние кои му овозможуваат на корисникот да пребарува на една веб-страница, платформа или апликација и да употребува различни опции или услуги кои постојат во нив, како на пример, контрола на сообраќајот, идентификација на податоци или сесија, пристапување до делови или содржина со ограничен пристап, запомнување на елементите кои ја сочинуваат нарачката, спроведување на процесот за купување на нарачката, управување со плаќањето, контрола на измама поврзана со безбедноста на услугата, користење безбедносни елементи при пребарувањето, поднесување барање за регистрација или учество во настан, складирање содржини за емитување на видеа или звук, овозможување динамични содржини (на пример, анимација при вчитување на текст или слика) или споделување содржини преку социјалните мрежи. Бидејќи техничките колачиња се строго потребни, стандардно се преземаат кога овозможуваат прикажување на платформата или обезбедување на услугата што ја бара корисникот.

Колачиња за функционалност или персонализација: Овие Колачиња се оние што овозможуваат запомнување на информациите, така што корисникот пристапува до услугата или платформата со одредени карактеристики кои можат да го разликуваат неговото искуство од искуството на другите корисници, како што се, на пример, јазикот, бројот на резултати што треба да се прикажат кога корисникот извршува пребарување, изгледот или содржината на услугата во зависност од видот на пребарувачот што го користи корисникот или регионот од каде се пристапува на услугата итн. Неприфаќањето на овие Колачиња може да доведе до бавно работење на веб-страницата или слабо прилагодени препораки.

Колачиња за анализа: Тоа се оние што овозможуваат квантифицирање на бројот на корисници, деловите посетени на платформата и како тие комуницираат со неа, за да се изврши мерење и статистичка анализа на употребата од страна на корисниците, со цел да се воведат подобрувања засновани на анализата на податоците за употреба направени од корисниците на платформата или услугата.

Колачиња за бихејвиористичко рекламирање: Тое се оние што складираат информации за однесувањето на корисниците добиени преку континуирано набљудување на нивните навики на пребарување, што овозможува развој на специфичен профил врз основа на кој би се прикажувале реклами. Овие Колачиња овозможуваат управување, на најефикасен можен начин, со рекламните простори кои, доколку е применливо, уредникот ги вклучил директно или во соработка со трети страни.

За што се користат Колачињата на нашата платформа?

Колачињата се суштински дел од работата на нашата Платформа. Главната цел на нашите Колачиња е да го направат искуството на пребарување поудобно и поефикасно. На пример, тие се користат за да ги запомнат вашите претпочитања (јазик, земја, итн.) за време на пребарувањето и при идните посети.
Исто така ги користиме нашите Колачиња за постојано подобрување на нашите услуги и Платформа, како и за да можеме да понудиме персонализирано рекламирање засновано врз вашите навики на пребарување.
Информациите собрани во Колачињата исто така ни овозможуваат да ја подобриме нашата Платформа преку проценка на статистичките податоци и шеми на користење (број на посети, најпосетувани делови, време на посета, итн.), за да знаеме на статистички начин како корисниците комуницираат со Платформата, со цел да ги подобриме нашите услуги, како и да ја прилагодиме Платформата кон вашите индивидуални интереси, забрзување на пребарувањата итн.
Понекогаш можеме да ги користиме Колачињата за да добиеме информации што ни овозможуваат да прикажуваме реклами од нашата платформа, платформи на трети страни или на кој било друг начин, врз основа на анализата на вашите навики на пребарување (посетени производи, консултирани делови, итн.).
Во секој случај, во Колачињата што ги користиме, ние никогаш не складираме чувствителни информации како лозинки, детали за кредитни или дебитни картички итн.

Како можам да ја управувам употребата на Колачиња на оваа Платформа?

Во панелот за конфигурација на Колачиња, достапен во секое време на нашата Платформа, ќе можете да ги добиете сите информации за Колачињата што ги користи Платформата, заедно со информации во врска со целта, времетраењето и управувањето (сопствено или од трети страни) на секое од нив, за да можете да управувате со активирање и деактивирање на употребата на оние Колачиња кои не се строго потребни за работењето на Платформата.
Доколку пребарувате на интернет, можете наизменично да ја оневозможите употребата на Колачиња на вашиот пребарувач. Ви покажуваме како да го направите тоа во најпопуларните пребарувачи:
• Google Chrome
• Internet Explorer
• Mozilla Firefox
• Safari

Mожностa за избегнување на употребата на Колачиња може да се направи во секое време. Ве молиме, имајте предвид дека и управувањето со панелот за конфигурација на Колачињата и вашата опција за одбивање на Колачињата се специфични за секој пребарувач што го користите.
Затоа, ако изберете да ги конфигурирате Колачињата на еден начин на еден уред и сакате вашата опција да се примени на сличен начин на друг уред, мора да ја активирате истата опција за другиот уред.
Како дополнителен чекор, во однос на Колачињата од трети страни, со цел обезбедување на рекламирање засновано врз вашите интереси, имајте предвид дека одредени трети страни може да бидат членови на која било од следниве саморегулаторни онлајн програми за бихејвиористичко рекламирање, со соодветните опции за доброволно откажување:

Network Advertising Initiative (NAI) http://www.networkadvertising.org/choices/
Google Analytics – https://tools.google.com/dlpage/gaoptout

Кој ги користи информациите складирани во Колачињата?

Информациите складирани во Колачињата на нашата Платформа ги користиме исклучиво ние, освен оние идентификувани во делот 2 како „Колачиња од трети страни“, кои се користат и управуваат од надворешни субјекти за да ни обезбедат услуги насочени кон подобрување на нашите услуги и искуството на корисникот кога ја пребарува нашата Платформа. Повеќе информации ќе најдете во панелот за конфигурација на Колачиња достапен во секое време на нашата Платформа.

За да добиете подетални информации во врска со обработката на вашите лични податоци при нашата соработка со трети страни и оние кои се предмет на меѓународен трансфер на податоци, препорачуваме да ја прочитате нашата Политика за приватност достапна на нашата Платформа и политиките за приватност / параметри за приватност на овие соработници од трети страни достапни преку нивните платформи.